Последно освежено на Среда, 22 Февруари 2012 20:19 Напишано од M.D. Среда, 22 Февруари 2012 20:06
![]()
BMW Asia најави дека Сингапур ќе добие осум BMW M3 Coupe Competition Edition автомобили, од 450-те произведени за цел светски пазар. Овој модел беше најавен во Ноември минатата година, во чест на 40-годишнината на „М“ дивизијата.
![]()
Да се потсетиме, ограничената верзија на М3 Coupe ќе биде достапна само во „Замрзната сребрена“ металик боја, со длабок металик финиш. Акцентите на ентериерот вклучуваат црни усисници за воздух на хаубата, решетки на бубрезите од темен хром и истите 19-инчни бандажи од BMW M3 GTS.
Во внатрешноста, Competition Edition нуди црна „Novillo“ кожа со сребрени акценти и конци на предните седишта, потпирачите за глава, тапацирите на вратите, централната конзола и централниот потпирач за рака заедно со специјалната облога на воланот (Alcantara) и BMW M3 логото со знамето „шаховница“ на праговите на вратите. Додека карбонот на инструментната табла и на централната конзола ги комплетираат дополнувањата во ентериерот.
Кога доаѓа до перформансите, BMW M3 Coupe Competition Edition е спуштен за 10 милиметри, GTS бандажите добија поголем „оф-сет“ за подобра стабилност, модифициран EDC (Electronic Damper Control) електронска контрола на амортизерите.
M3 Coupe Competition Edition е потпомогнат од 4.0 литарскиот V8 агрегат кој дава од себе 414 коњски сили, а е поврзан со M DCT (double clutch transmission) менувач со двоен кумплунг, кој му овозможува забрзување од само 4.6 секунди од 0 до 100 километри на час.
БИДЕТЕ БРЗИ, СЛЕДЕТЕ БРЗКРУГ!!!
BrzKrug.com e веб сајт каде што ке можете да ги прочитате авто-мото новостите од светот на F1 , WTCC, WRC, IRC, MOTO GP, World SBK шампионатите како и новитетите во цивилниот автомобилизам.
By A Web Design Company
Име: BrzKrug
Емаил : info@brzkrug.com