Напишано од M.D. Недела, 15 Јануари 2012 16:48
![]()
Првите натпреварувачи во категоријата мотоцикли се упатија кон историската област Лима, каде е поставен финалниот подиум од Дакар 2012, точно на Плаза Де Армас каде ќе се одржи церемонијата
Страсната публика со нетрпение ги очекува нетпреварувачите кои станаа шампиони во нивните категории.
Првиот пилот на подиумот ќе биде Французинот Сирил Депре кој го победи својот Шпански колега Марк Кома и португалецот Хелдер Родригез.
Потоа, следни ќе бидат претставниците од квадовите и тоа на чело со Алехандро Патронели, а после него е неговиот брат Маркос кој беше победник 2010-тата, а после него следува Томас Мафеи, што значи дека добивме Аргентински подиум во оваа категорија.
После нив, на ред ќе дојдат автомобилите. Mini земаа 1-2 победа, со Петерхансел кој ја освои неговата 10-та Дакар титула, пред Нани Рома и Јужно Африканецот Жиниел Де Вилие (Toyota)
И на крајот, сите очи ќе бидат свртени накај категоријата камиони, во која тимот на Iveco истотака земаа 1-2 победа, со Де Рој и Стејси пред Казахстанецот Артур Ардавичус и неговиот Kamaz.
| Следно > |
|---|
BrzKrug.com e веб сајт каде што ке можете да ги прочитате авто-мото новостите од светот на F1 , WTCC, WRC, IRC, MOTO GP, World SBK шампионатите како и новитетите во цивилниот автомобилизам.
By A Web Design Company
Име: BrzKrug
Емаил : info@brzkrug.com