
БрзКруг – www.brzkrug.com е веб страна, која се занимава со приближување на сите информации од светските актуелни авто-мото спортови до македонските читатели, секако на македонски јазик и пласира информации од случувањата во македоснкиот авто-мото спорт, како и информации кои се наменети за пошироката јавност која ги следи новините во авто-мото светот.
Идејата за основање на оваа веб страна произлезе од нас, како ентузијасти кои ги следат сите случувања во авто-мото спортот во целина, но за жал не постоеше македонска веб страна со брзи, точни, концизни, опширни и навремени информации од авто-мото спортот, а тоа значеше и дезинформирање на македонската публика, која немаше соодветно каде да се информира, односно не постоењето на македонска веб страна со доволно брзи, точни и пред се опширни информации од бензинските спортови.
Но тимот на оваа веб страна, составен од десетина ентузијасти и добри познавачи на овие спортови, кои се вложуваат себеси и своите финансии во развојот на оваа веб страна, не само што има цел да ја информира македонската интернет јавност за новостите во авто-мото спортовите, има цел да делува како општествено ориентирана веб страна, која ќе им помогне на читателите да ја покренат својата сообраќајна свест и култура и да ги научи како во иднина да се заштитат себеси од несовесноста во сообраќајот.
![]()
БИДЕТЕ БРЗИ, СЛЕДЕТЕ БРЗКРУГ !
BrzKrug.com e веб сајт каде што ке можете да ги прочитате авто-мото новостите од светот на F1 , WTCC, WRC, IRC, MOTO GP, World SBK шампионатите како и новитетите во цивилниот автомобилизам.
By A Web Design Company
Име: BrzKrug
Емаил : info@brzkrug.com